Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Ѓорческа денеска испишува историја во македонскиот тенис, мечот ќе може да се гледа во живо

Денеска е историски ден за македонскиот тенис, Лина Ѓорческа точно напладне ќе настапи на Вимблдон и така ќе стане првата Македонка која заиграл на главен турнир на еден грен-слем.

Македонија на грен-слем претставник во сингл немала ниту во машка конкуренција, единствено Александар Китанов настапуваше, но во двојки.

Задачата за тетовчанката нема да биде ниту малку лесна, противничка ѝ е минатогодишната финалистка и шеста тенисерка во светот во овој момент, Аманда Анисмова. До мечот со Анисимова, Ѓорческа дојде со одлични настапи откако помина три квалифициски рунди.

Мечот ќе може да се следи и во живо на каналите на Арена Македонија, почнува во 12:00 часот.

ВИДЕО | Ѓорческа: Татко ми ми беше „ветер во грб“ – секој ден ме возеше од Скопје до Тетово и назад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот