Фото: instagram.com/brasil

ВИДЕО | Мартинели во 96 минута за триумф на Бразил и осминафинале на Светското првенство

Фудбалерите на Бразил се пласираа во осминафиналето на Светското првенство по минималната победа од 2:1 над Јапонија на стадионот „НРГ“ во Хјустон, САД.

Избраниците на селекторот Карло Анчелоти започнаа силно, но Јапонија беше првата која постигна гол. Каишу Сано стрелаше за водство од 1:0 во 29 минута од натпреварот.

Бразилците се мачеа да израмнат, а успеаја да го сторат тоа дури во 56 минута, кога Касемиро постигна гол за 1:1.

Три минути подоцна, Винисиус Жуниор помина покрај неколку противнички играчи и ја погоди стативата.

Кога се очекуваше натпреварот да влезе во продолженија, Бразил го постигна својот втор гол.

По асистенцијата на Бруно Гимараеш, во судиското надополнување (90+6`), Габриел Мартинели од непосредна близина го комплетираше пресвртот за победа и пласман во осминафиналето.

Бразил за влез во четвртфиналето на 5 јули во Њујорк, САД, ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Брегот на Слоновата Коска и Норвешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот