Фото: EPA/YOAN VALAT

Вимблдон: Сабаленка рутински против Костовиќ, Осака без проблеми со Жакмо

Денеска во првото коло на грен слем турнирот Вимблдон во женска конкуренција, најдобрата тенисерка на светот со 2:0 во сетови 6:2 и 6:3 ја совлада Теодора Костовиќ од Србија во меч кој траеше 65 минути.

Сабаленка водеше со 4:0 на почетокот од првиот сет против 184 тенисерка во светот. Србинката намали на 4:1, а Белорусинката успеа да го добие првиот сет со 6:2.

Вториот сет се играше гем по гем сè додека резултатот не беше 2:2. Сабаленка потоа освои три последователни гема и водеше со 5:2.

Костовиќ го намали водството на 5:3, но белоруската тенисерка успеа да направи брејк и да победи.

Сабаленка во второто коло ќе игра против Американката Мекарти Кеслер која со двапати со 6:0 запиша триумф против Украинката Олександра Олиникова.

Во следната фаза оди и Јапонката Наоми Осака која со 6:1 и 7:5 славеше против Французинката Елса Жакмо, и во второто коло ќе игра со победничката од мечот меѓу Анастасија Гасанова и Емилија Аранго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот