Aргентина/AFA - Selección Argentina

Аргентина испратила список до САД: 13.000 татковци што не плаќаат алиментација нема да можат да влезат на стадионите

Аргентина до американските власти достави список со околу 35.000 лица на кои треба да им биде забранет влез на стадионите за време на натпреварите на аргентинската репрезентација на Светското првенство во Соединетите Американски Држави.

Меѓу лицата на списокот се наоѓаат и околу 13.000 татковци кои не ги исполнуваат своите законски обврски за плаќање алиментација.

Аргентинската министерка за национална безбедност, Алехандра Монтеолива, базата со податоци ја доставила до американското Министерство за внатрешна безбедност, Федералното истражно биро и повеќе меѓународни безбедносни агенции пред почетокот на нокаут-фазата на Мундијалот, објави „Њујорк пост“.

„На оние што не плаќаат алиментација повеќе нема да им биде дозволен влез на стадионите. Ако не ги исполнувате своите обврски, ќе останете надвор од трибините“, изјави Монтеолива.

Аргентина во шеснаесетфиналето ќе се соочи со репрезентацијата на Зеленортските Острови, а натпреварот е закажан за 4 јули.

Познати се сите натпревари и термини — почнува нокаут фазата на Мундијалот

Казна за Уругвајците — ќе се враќаат дома со редовни авионски линии

Листа на најмали држави кои играле нокаут фаза на Мундијал: Зеленортски Острови се на врвот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот