Познати се сите натпревари и термини — почнува нокаут фазата на Мундијалот
Со натпреварите од шеснаесетфиналето започнува елиминациската фаза на Светското првенство во фудбал. Многумина сметаат дека токму сега почнува „вистинскиот“ Мундијал, откако завршија возбудувањата во групната фаза.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Следуваат 16 натпревари во кои нема простор за поправен, а неколку пресметки уште сега привлекуваат големо внимание. Најголемото дерби на хартија е дуелот меѓу Португалија и Хрватска, додека распоредот донесе уште две европски пресметки, Франција против Шведска и Шпанија против Австрија.
Се очекуваат неизвесни натпревари и во дуелите меѓу Бразил и Јапонија, Холандија и Мароко, САД и Босна и Херцеговина, како и Брегот на Слоновата Коска против Норвешка.
Пауза нема и првиот натпревар се игра уште денеска во 21:00 часот, а во него се среќаваат Канада и Јужна Африка
Распоред на натпреварите од шеснаесетфиналето:
Понеделник, 29 јуни
Бразил – Јапонија (19:00)
Германија – Парагвај (22:30)
Вторник, 30 јуни
Холандија – Мароко (03:00)
Брегот на Слоновата Коска – Норвешка (19:00)
Франција – Шведска (23:00)
Среда, 1 јули
Мексико – Еквадор (03:00)
Англија – Конго (18:00)
Белгија – Сенегал (22:00)
Четврток, 2 јули
САД – Босна и Херцеговина (02:00)
Шпанија – Австрија (21:00)
Петок, 3 јули
Португалија – Хрватска (01:00)
Швајцарија – Алжир (05:00)
Австралија – Египет (20:00)
Сабота, 4 јули
Аргентина – Зелено’ртски Острови (00:00)
Колумбија – Гана (03:30)


