ФОТО+ВИДЕО | И Ѓоковиќ го сака Бед Бани – српскиот ас се опушти на концертот на латино мегазвездата
Само два дена пред почетокот на престижниот тениски турнир на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ накратко ги остави рекетот и тренинзите настрана и вечерта ја помина на концерт на Бед Бани во Лондон.
Препорачано
Српскиот тенисер присуствуваше на првиот концерт на светската музичка ѕвезда во британската престолнина, а на социјалните мрежи објави фотографија на која позира заедно со пејачот.

Според странските медиуми, Ѓоковиќ не се задржал само на фотографирањето. За време на концертот уживал во атмосферата, танцувал на латино ритми и добро се забавувал непосредно пред настапот на еден од најважните турнири во сезоната.
Концертот на Бед Бани привлече и голем број светски познати личности. Меѓу присутните биле и Адел и Џо Џонас, кои не сакале да го пропуштат еден од најочекуваните музички настани во Лондон.
@jayj10x Bad Bunny & Novak Djokovic – acho pr es otra cosa – La Casita #badbunny #meportobonito #voyallevartepapr #novakdjokovic ♬ original sound – Jay


