топло време лето жешко
Топло време / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Топлотниот бран носи температури над 40 степени, метеоролозите прогнозираат до кога ќе трае

Македонија влегува во период на екстремно високи температури, а според најавите во делови од земјата живата во термометарот ќе надмине 40 степени. Следните неколку дена ќе времето ќе биде сончево и многу топло, а жештината особено ќе се чувствува во котлините и во градовите.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се движат од 14 степени наутро, до 38 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови претежно од источен, а во источните од променлив правец.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, проследено со слаб до умерен ветер од јужен правец. Граѓаните се советуваат да избегнуваат подолг престој на сонце во најтоплиот дел од денот и да внесуваат доволно течности.

Најтопло се очекува да биде на почетокот на следната недела, кога температурите ќе го достигнат својот максимум. Потоа се прогнозира постепена промена на временските услови, со намалување на температурите и посвежо време од средината на неделата.

Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце во најтоплиот дел од денот, да внесуваат повеќе течности и да бидат особено внимателни со повозрасните лица и хронично болните. Метеоролозите предупредуваат дека топлотниот бран ќе биде еден од најинтензивните ова лето, поради што се препорачува почитување на сите мерки за заштита од високите температури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот