Насловна страница на „Културен печат“ број 337

Излезе „Културен печат“ број 337 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 337, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (27-28.6.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со театарската режисерка Хана Миленковска за претставата „Патот на Баба Јага“ во Театарот за деца и младинци: Ограничувањата не ја уништија магијата

– разговор со Огнен Стојаноски, ПР на „Пасворд продукција“, за „Д-Фестивал“ во Штип: Градиме град во градот

– во тек се 65. Струшки вечери на поезијата: Место каде што зборот станува мост меѓу народите

– монографијата „100 години ‘Палјачи’ во Штип (1925-2025): Операта што ја отвори македонската музичка сцена“ на авторката проф. д-р Наташа Диденко е исполнет долг кон минатото и кон колективното сеќавање

– во издание на „Културни центер Марибор“ излезе словенечкото издание на двојазичната словенечко-македонска стихозбирка „Venec za Iskro – Венец за Искра“ на проф. д-р Милан Јазбец

– извонредната јапонска театарска уметност Бунраку со претстава и работилница на 30 јуни ќе биде презентирана во Кинотеката во Скопје

– добитник на престижната награда „Мето Јовановски“ за високо уметничко достигнување во уметноста на филмот за 2026 година на петтото издание на Фестивалот „Преку езерото“ во Дојран е актерот Тони Наумовски

– во галеријата „Остен“ на 25 јуни беше отворена изложбата „Дијалог на форми“ со слики од Мице Јанкуловски и скулптури од Блаже Крстаноски Блажески

– новата поетска збирка „Длабок простор“ на Зоран Анчевски е објавена во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“

– како деветто издание во едицијата „И ете приказна“ на издавачката куќа „Или-Или“ од Скопје објавена е книгата „Дријади“ од Игор Анѓелков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот