Фото: принтскрин / Instagram / aldia247

ВИДЕО | Жена се породи под урнатините по разорните земјотреси во Венецуела

Во Венецуела, која беше погодена од серија разорни земјотреси, мајка се породи под урнатините на срушена зграда, пренесува Телeграф.

До денеска попладнето беа регистрирани 589 загинати луѓе, околу 3.000 повредени, а по илјадници се трага, откако два силни земјотреси ја погодија земјата во средата навечер.

Се појавија и снимки на кои се гледа жената како лежи на штица на земја, опкружена со луѓе во темница. Друга жена ѝ помага да се породи и раѓа расплакано бебе. Жената што го направи продувањето потоа клекна и го завитка новороденчето, додека други се собраа да ја покријат мајката со ќебиња.

Претседателката на Венецуела, Делси Родригез денеска рече дека Ла Гваира е најтешко погодена од земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени.

„Ќе ги спасиме луѓето што се заробени. Неуморно работиме на оваа задача“, рече Родригез.

Десетици возила со спасувачи и хуманитарна помош се движат кон Ла Гуаира, додека меѓународната спасувачка мисија добива на интензитет, соопшти венецуелското Министерство за транспорт.

Меѓународниот аеродром во Каракас останува затворен за комерцијални летови. Пристаништето во Ла Гуаира ќе служи како логистички центар за прием, складирање и дистрибуција на хуманитарна помош, додека сите други пристаништа продолжуваат да работат нормално, соопштија властите.

ВИДЕО | Нов биланс од земјотресот во Венецуела: загинаа 589 луѓе, околу 3.000 се повредени, а по илјадници се трага

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот