Џани Инфантино / Фото: EPA/BOB FRID

ФИФА во тек на Мундијалот исфрли една репрезентација од сите натпреварувања

Светската фудбалска федерација донесе одлука за суспензија на Фудбалската федерација на Непал, поради што репрезентацијата и клубовите од оваа азиска земја нема да можат да настапуваат во натпреварувањата под капата на ФИФА.

Одлуката стапува во сила веднаш и е донесена на неопределено време, а освен националниот тим, санкцијата ги опфаќа и сите клубови од Непал кои учествуваат на меѓународната сцена.

Во образложението на ФИФА се наведува дека причината за суспензијата е недозволено мешање на трета страна во работата на националната фудбалска федерација, што претставува прекршување на статутите на светската куќа на фудбалот.

Според информациите, санкцијата следува по повеќемесечниот спор меѓу Фудбалската федерација на Непал и Националниот спортски совет, кој се вмешал во изборниот процес и функционирањето на федерацијата.

Покрај забраната за настап во меѓународните натпреварувања, Непал останува и без пристап до развојните програми на ФИФА, стручните едукации, семинарите, како и финансиската поддршка што ја обезбедува светската фудбалска организација.

ФОТО | Дали Инфантино навистина гледаше два различни натпревари кои се играа во исто време?

Мундијалот руши рекорди по број на гледачи

Бунт во соблекувалната на Уругвај: Валверде и соиграчите му свртеле грб на Биелса

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот