Македонија - Саудиска Арабија/РФМ

Младите ракометари подобри од Саудиска Арабија на првата контролка во Скопје

Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија успешно ги започна подготовките за претстојното Европско првенство, откако во првиот контролен натпревар убедливо ја совлада Саудиска Арабија со 35:26.

Избраниците на селекторот Игор Илиевски одиграа сигурен натпревар, во кој од самиот почеток го наметнаа своето темпо и во текот на сите 60 минути ја контролираа играта, што на крајот им донесе убедлива победа.

Македонските надежи утре ќе имаат нова проверка, повторно против селекцијата на Саудиска Арабија, во рамки на подготовките што се одржуваат во Скопје.

На Европското првенство Македонија ќе настапува во исклучително силна група, во која за противници ќе ги има селекциите на Данска, Норвешка и Хрватска.

Вардар го има најдобриот среден бек во Лига Европа за минатата сезона

Познат распоредот: Вардар групната фаза во ЛШ ја почнува во Германија, а ја завршува во Франција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот