Милан договори засилување од ПСЖ, ќе плати најмногу досега во својата историја
Милан е подготвен за големи промени по неуспешната сезона, а италијанскиот гигант наскоро ќе го реализира и најскапиот трансфер во својата историја.
Препорачано
Според информациите на познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, „росонерите“ постигнале договор со Пари Сен Жермен за ангажман на португалскиот напаѓач Гонсало Рамош. Вредноста на трансферот изнесува 50 милиони евра, на кои ќе бидат додадени и бонуси.
Рамош веќе ги прифатил личните услови понудени од Милан, а во наредните денови се очекува да ги мине лекарските прегледи и официјално да стави потпис на договорот, по што ќе биде претставен како ново засилување на клубот од „Сан Сиро“.
Португалскиот репрезентативец минатата сезона одигра 45 натпревари во дресот на Пари Сен Жермен, на кои постигна 12 голови и запиша две асистенции, а во Милан се очекува да биде едно од главните офанзивни оружја во новата сезона.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
22мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


