Eквадор/La Tri

Цела држава е во еуфорија — претседателот на Еквадор победата над Германија ја прогласи за државен празник

Еквадор е погоден вистинска фудбалска еуфорија по историскиот пласман во нокаут-фазата на Светското првенство, а големиот успех на националниот тим беше одбележан и со симболичен потег на државниот врв.

Претседателот Даниел Нобоа го прогласи денешниот ден за државен празник, откако еквадорската репрезентација со победата од 2:1 против Германија обезбеди место меѓу најдобрите 32 селекции на Мундијалот. Со четири освоени бодови, Еквадор заврши на третата позиција во групата Е, но како една од најдобрите третопласирани репрезентации избори пласман во елиминациската фаза.

„Им честитам на фудбалерите и на селекторот. И покрај критиките, навредите и тешките моменти низ кои поминаа, тие останаа обединети и ѝ донесоа огромна радост на целата држава“, порача Нобоа.

Противникот на Еквадор во првата нокаут-рунда ќе биде познат по завршувањето на натпреварите во преостанатите групи, но без оглед на исходот, оваа генерација веќе испиша историски успех за еквадорскиот фудбал.

Швајнштајгер го разочара селекторот на Брегот на Слоновата Коска: Жално е да се слушнат такви коментари

Турција го заврши настапот на Мундијалот, но Ајхан испиша историја

Мундијалот руши рекорди по број на гледачи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот