Фото: EPA/Gaston Britos

Бунт во соблекувалната на Уругвај: Валверде и соиграчите му свртеле грб на Биелса

Уругвај се соочува со сериозен хаос непосредно пред клучниот натпревар против Шпанија на Светското првенство. По двете ремија во првите две кола, избраниците на Марсело Биелса се под огромен притисок, а според јужноамериканските медиуми, атмосферата во соблекувалната е далеку од идеална.

Уругвајските медиуми објавија дека неколкумина искусни репрезентативци, меѓу кои Федерико Валверде, Мануел Угарте и Родриго Бентанкур, побарале од Биелса да го промени пристапот. Играчите сметаат дека интензивните тренинзи предизвикале замор и повреди, и предложиле попретпазлива тактика против моќната Шпанија.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Еквадор преку пресврт ја совлада Германија, „лалињата“ играат застрашувачки

Наводно, следувал состанок кој траел речиси 48 минути, на кој Биелса го бранел својот начин на работа и објаснил зошто не сака да отстапи од својата филозофија. Дел од играчите не биле задоволни од разговорот, а според извештаите, некои дури и ја напуштиле просторијата пред крајот на состанокот.

ФОТО | Обложувач вложил 1,1 милијарда долари на Бразил-Шкотска и бил добитен

Медиумите од Уругвај дури тврдат дека доколку ситуацијата не се подобри, Биелса би можел да ја напушти селекторската функција во блиска иднина. Засега, ниту селекторот ниту репрезентативците јавно не ги коментираат овие информации, бидејќи целиот фокус е насочен кон пресудниот дуел со Шпанија, кој ќе одлучува за судбината на Уругвај на Мундијалот.

Во недела можеме да бидеме сведоци на најголемиот мундијалски срам во историјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот