Наташа Андонова/Servette FC

ВИДЕО | Наташа Андонова потпиша за клуб со кој ќе игра во Лигата на шампионите

Македонската фудбалска репрезентативка Наташа Андонова има нов клуб во својата богата интернационална кариера. Искусната офанзивка потпиша за швајцарски Сервет, каде што во наредната сезона ќе има можност да ја брани шампионската титула и да настапува во Лигата на шампионите.

Швајцарскиот клуб официјално го потврди ангажманот на Андонова, од која очекува да донесе дополнителен квалитет, лидерство и искуство во составот пред стартот на новата сезона.

Последната сезона македонската репрезентативка ја мина во шпански Мадрид, а во текот на кариерата настапуваше и за Ал-Шабаб, Леванте, Барселона, ПСЖ, Росенгард, Потсдам и Борец. Првите фудбалски чекори ги направи во Тиквешанка.

Во дресот на македонската репрезентација Андонова досега има одиграно 40 натпревари и постигнато 14 голови, потврдувајќи го својот статус како една од најдобрите македонски фудбалерки во историјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот