Tурција/Milli Takımlar

Турција го заврши настапот на Мундијалот, но Ајхан испиша историја

Турција го заврши својот настап на Светското првенство со победа од 3-2 против САД, но и покрај триумфот не успеа да обезбеди пласман во нокаут-фазата.

Сепак, нивниот последен меч ќе остане запаметен по голот на Каан Ајхан, кој во 97. минута и 50. секунда донесе победа за Турците. Според статистиката на „Опта“, станува збор за еден од најдоцните победнички голови во историјата на Светските првенства, односно втор најдоцен откако се води ваква евиденција од 1966 година.

Пред Ајхан е само иранскиот фудбалер Рузбе Чешми кој против Велс стрелаше во 101 минута на Мундијалот во Катар во 2022 година. Иако елиминацијата е реалност за Турција, тие го завршија турнирот со драматична победа и историски момент за паметење.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Еквадор преку пресврт ја совлада Германија, „лалињата“ играат застрашувачки

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот