ВИДЕО | Ѓорческа: Татко ми ми беше „ветер во грб“ – секој ден ме возеше од Скопје до Тетово и назад
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа вчера ја оствари својата најголема победа во кариерата и со триумфот над Италијанката Бронзети од 2-0 во сетови (6-1, 6-2) се пласираше на Вимблдон. Ѓорческа пред три месеци во интервју за „Слободен печат“ раскажа низ што се морала да помине за да дојде до највисоко ниво.
Препорачано
Љубовта кон тенисот ѝбила пренесена од нејзиниот брат со кого редовно одела на тренинзи.
„Мојот брат првично тренираше тенис, редовно одев со него на тренизи и сакав да пробам, па така забележав дека ми оди со рекетот и со малото топче. Спонтано го засакав овој спорт“, раскажа тогаш Лина.
Денеска ги живее најдобрите денови од нејзината кариера, меѓутоа никогаш не било лесно, а успехот бара и многу откажувања.
– Тренирањето тенис е голема жртва. Низ годините јас се откажав од многу работи за да бидам подобра на теренот. Пред сè, секогаш, го ставав тенисот. Не излегував како моите врсници, не се забавував по родендени и слично. Еве на пример, многу ми е криво што не присуствував на свадба кај моја најдобра другарка“, призна Ѓорческа.
Пласманот на Ѓорческа сигурно ѝ носи и многу емоции затоа што нејзиниот татко, Владимир Ѓорчески-Ципа пред само еден месец ја загуби битката за својот живот.
„Татко ми до 18 години секој ден ме возеше од Тетово до Скопје и назад, тој ми е „ветер во грб““, изјави Лина во интервјуто.
Целото интервју на Ѓорческа можете да го погледнете – ТУКА.


