Трамп е опседнат со мене, вели Обама
Поранешниот американски претседател Барак Обама изјави дека смета оти „опсесијата“ на Доналд Трамп со него и со неговите постигнувања додека бил на функција е „чудна“, објави „Њујорк тајмс“.
Препорачано
Во интервју објавено во средата во поткастот „Ол д смоук“, Обама беше прашан како се справува со „долготрајната и интензивна преокупација“ на Трамп со него и со неговото семејство.
„Треба него да го прашате што е тоа — таа опсесија со мене. Очигледно живеам во неговата глава“, изјави Обама за водителите на поткастот, поранешните НБА играчи Мет Барнс и Стивен Џексон.
Обама понатаму истакна дека кога тој бил на функција, немал време да се занимава со своите претходници бидејќи работата барала постојан фокус. Додаде и дека не бил опседнат со социјалните мрежи и со кабелските телевизии, кои се главни канали на Трамп.
Трамп објави видео направено со ВИ, Барак и Мишел Обама се како мајмуни во џунгла
„Идејата дека би се грижел за некој што бил пред мене и постојано би се обидувал да мерам што направил денес — постојано да се оптоварувам со тоа — за мене е чудна работа. Тоа ми покажува дека некој не е фокусиран на американскиот народ и на работата што треба да ја врши“, рече Обама.
Минатата недела, за време на самитот на Групата 7 во Франција, Трамп го спомнал Обама дваесетина пати, обидувајќи се да го претстави својот договор со Иран како подобар од оној што го постигна поранешниот претседател во 2015 година.
На самитот, Трамп во груб израз се осврна на реакцијата на Техеран на договорот од 2015 година, познат како Заеднички сеопфатен план за акција.
„Тие се обидоа да ги поткупат. И знаете што направија Иранците? Му се смееја на Обама“, рече Трамп.
Оваа недела, Трамп повторно го спомна поранешниот претседател во обид да ја префрли вината за неуспешната реконструкција на рефлектирачкиот базен кај Меморијалот на Линколн.
Обама и неговото семејство долго време се цел на навреди од Трамп. Претходно годинава, Трамп објави расистичко видео на социјалните мрежи во кое Обама и поранешната прва дама Мишел Обама се прикажани како мајмуни. Подоцна ја избриша објавата и рече дека било грешка на вработен, но додаде дека нема за што да се извини.
Во одговор на барање за коментар, портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, го спомена нуклеарниот договор со Иран од времето на Обама и го нарече „еден од најслабите и најлошите претседатели во историјата“.
Трамп е оптимист дека ќе постигне подобар договор со Иран од Обама


