Наредив 40-дневна кампања да ја принудиме Русија да ја заврши војната, вели Зеленски
Претседателот Володимир Зеленски вчера изјави дека одобрил 40-дневна операција за да го зголемување на притисокот врз Русија и поттикнување на Москва да ја заврши војната против Украина, објави „Киев индепендент“.
Препорачано
Информацијата доаѓа по состанокот меѓу Зеленски и шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Јевхениј Хмара.
Командантот известил за планот на СБУ за удари со долг и со среден дострел, како и за постигнатите резултати, изјави Зеленски.
Претседателот рече дека дал одобрение службата да започне „40-дневна операција за влијание против државата агресор, насочена кон тоа да се принуди таа да ја заврши војната“.
Зеленски не даде дополнителни детали за тоа што би опфаќала оваа операција. Сепак, тој ја пофали СБУ, особено елитната специјална единица „Алфа“, за нејзините неодамнешни успеси во „погодување на персоналот и на опремата на окупаторските сили“.
Во изминатите неколку недели, украинските сили изведоа серија напади врз руската логистика и врз енергетската инфраструктура во Крим и во Москва.
Трамп по средбата со Зеленски: Русија мора да постигне мировен договор
Последователни напади со дронови врз руската престолнина во јуни ја запреа работата на Московската нафтена рафинерија, што ја влоши кризата со гориво низ земјата и ја донесе војната во секојдневието на обичното население.
Зеленски рече и дека напредувањата на Русија на бојното поле се забавиле, благодарение на СБУ.
„Важно е што веќе неколку месеци по ред, СБУ покажува највисоки резултати во одбраната на позициите на Украина на фронтовската линија преку употреба на различни видови дронови“, рече тој.
Неодамнешните успеси на Украина, наводно, оставиле силен впечаток во Вашингтон. Висок украински функционер за „Киев Индипендент“ изјавил дека американскиот претседател Доналд Трамп приватно го повикал Зеленски да дејствува „похрабро“ против Русија.
Кремљ продолжува да одбива да учествува во искрени мировни преговори, при што рускиот претседател Владимир Путин ги отфрла повторените покани да се сретне со Зеленски за разговори во неутрална земја.


