Трамп, Зеленски, Стармер и Макрон / Фото: EPA

Трамп го пофали „храбриот Зеленски“: Добро се држи

Американскиот претседател Доналд Трамп го пофали „храбриот“ Володимир Зеленски, оценувајќи дека украинскиот претседател „добро се држи“ во војната против Русија, објави „Скај њуз“.

Коментарите на американскиот претседател доаѓаат откако украинските сили уништија важен железнички мост на Крим, во обид дополнително да го изолираат полуостровот што е под руска окупација.

За време на средбата во Белата куќа со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дописникот на „Скај њуз“ од САД, Марк Стоун, го праша Трамп дали смета дека Зеленски победува во војната.

— Добро се држи, како и да гледате на тоа. Најмалку може да се каже дека се држи. Многу луѓе умираат на двете страни, но мислам дека се држи прилично добро. Мора да се каже дека е храбар. Има одлична опрема, но има и одлични луѓе, борци — рече Трамп.

Лидерите на Германија, Франција, Италија, Полска и Обединетото Кралство, познати како групата „Е5“, на состанок во Берлин ја потврдија поддршката за Украина и најавија продолжување на притисокот врз Русија.

Трамп по средбата со Зеленски: Русија мора да постигне мировен договор

Британскиот премиер Кир Стармер оцени дека Москва се соочува со сè поголеми воени загуби и економски тешкотии, поради што, според него, расте незадоволството од војната на Владимир Путин.

Стармер порача дека ова е клучен момент за нови санкции против руската економија и за засилена воена помош за Киев.

Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер, пак, најави пакет од речиси 290 милиони фунти за обнова и енергетска безбедност на Украина, нагласувајќи дека Лондон ќе продолжи да ја поддржува земјата и во војната и во нејзиното закрепнување.

Во меѓувреме, Украина продолжува со напади врз руската енергетска и воена инфраструктура.

Украинските сили погодија рафинерија, постројка за преработка на гас и центри за сателитска комуникација.

Според Зеленски, Москва поради тоа прераспоредува противвоздушни системи кон главниот град и кон Кримскиот мост.

Опремата во Белорусија за насочување на руските напади веќе не работи, тврди Зеленски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот