Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Активисти на Левица лепеа фотографии од Газа пред канцеларијата на Ѓорѓиевски

Активисти на Левица денеска лепеа фотографии од Газа пред канцеларија на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на тој начин пречекувајќи го од неговото враќање од Израел.

Според неговите објави, таму учел за дигитализација, паметни градови и модерно управување. Но останува прашањето: дали научи и како се изгладнува цел народ? Како се бомбардираат болници и училишта? Како цели градови се претвораат во урнатини? Токму затоа денес активисти на Левица поставија фотографии од Газа пред Град Скопје, за утре никој да не може да каже дека не знаел – прашаа од Црвената младина на Левица.

Оттаму велат дека во време кога Скопје се распаѓа пред очите на граѓаните, Ѓорѓиевски избрал да бара слика и политички поени покрај оние што го поддржуваат уништувањето на Газа. Наместо, според нив, да се занимава со преполните контејнери, нефункционалниот превоз и проблемите на скопјани, тој заминал да се поклонува пред интересите на Израел и САД.

Да го потсетам градоначалникот дека Скопје е град на солидарноста. Мене како советник во Град Скопје ми е срам, а веројатно и на вас на народот да ме претставува градоначалник којшто нема никаков проблем да оди на посета на геноциден режим се додека тоа е платено од Израелсската амбасада – вели Евгенија Станкоска, советничка од Левица во Советот на Град Скопје.

Градоначалникот, како што самиот соопшти престојувал во Тел Авив на покана на  амбасадорката на Израел во Македонија,  Вивиен Ајзен,  на „Муни експо“, меѓународен настан посветен на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и современото управување со кризи.

На едно место, претставници на градови од светот, општини, институции и компании разменуваат искуства за тоа како локалната власт може да биде побрза, поефикасна и поблиску до граѓаните.  Особено значајно е да се видат израелските искуства во управување со податоци, дигитални услуги, комунални решенија и координација во кризни ситуации – соопшти Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот