фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Ако продолжи традицијата од 2014 година, Ѓоковиќ ќе го освои Вимблдон

По разочарувачката елиминација на Ролан Гарос, каде што неговиот настап заврши во третото коло по поразот од талентираниот Жоао Фонсека, Новак Ѓоковиќ целосно го насочи фокусот кон сезоната на трева и најпрестижниот тениски турнир Вимблдон.

Српскиот ас во Лондон доаѓа со цел да стигне до рекордната 25. грен слем титула и да ја прекине серијата без голем трофеј, која трае од триумфот на САД Опен во 2023 година.

Иако во изминатиот период се соочи со бројни предизвици и нестабилни резултати, многумина сметаат дека токму оваа година Ѓоковиќ има одлична можност повторно да се искачи на врвот. Дополнителен мотив претставува и отсуството на актуелниот шампион Карлос Алкараз, додека Јаник Синер веќе покажа дека тревната подлога не е неговата најсилна страна, што се виде и минатата сезона кога беше запрен од Григор Димитров.

Во прилог на надежите на навивачите оди и едно интересно суеверие. Од 2014 година наваму, секој пат кога се играло Светско фудбалско првенство, Ѓоковиќ успевал да го освои Вимблдон. Тој тренд започна во 2014 година во Бразил, продолжи во 2018 година за време на Мундијалот во Русија и повторно се потврди во 2022 година кога Аргентина ја освои титулата во Катар.

Со оглед дека и ова лето во тек е Светското првенство, фановите на српскиот тенисер се надеваат дека традицијата ќе продолжи и дека Ѓоковиќ повторно ќе го подигне пехарот на тревата во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот