Ламело Бол/EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO SHUTTERSTOCK OUT

„Бомба“ во НБА: Ламело Бол во голема размена се сели во нов клуб

Една од најголемите ѕвезди меѓу во НБА, Ламело Бол, ја завршува својата етапа во Шарлот и се сели во редовите на Минесота.

Според информациите на реномираниот НБА инсајдер Шемс Чарнија, челниците на Минесота решиле агресивно да влезат во битката за шампионската титула и прават голем чекор кон засилување на ростерот.

Со ангажманот на Бол, Тимбервулвс формираат исклучително моќен бековски тандем заедно со Ентони Едвардс, комбинација која веќе привлекува огромно внимание во кошаркарската јавност. Во исто време, Шарлот се одлучи за целосна реконструкција на тимот и отворање на ново поглавје во развојот на франшизата.

Како дел од договорот, Хорнетс добија сериозен пакет во кој се вклучени Наз Рид, Роб Дилингам, два избора од првата рунда на идните драфтови, како и право на замена на избори во првата рунда.

Бол беше избран како трет пик на НБА драфтот во 2020 година и во изминатите сезони се наметна како главно лице на тимот од Северна Каролина. Неговите атрактивни асистенции, креативноста во играта и спектакуларните потези често беа меѓу најгледаните моменти во лигата.

Сепак, и покрај одличните индивидуални партии, недостатокот на конкурентен состав околу него, како и честите проблеми со повредите, не му дозволија да го одведе Шарлот до позначајни резултати на тимски план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот