ВИДЕО | Француската морнарица запре руски танкер кај Сицилија, Макрон објави снимка од акцијата

Француската воена морнарица пресретнала и започнала инспекција на нафтен танкер од Русија во близина на брегот на италијанскиот остров Сицилија, соопшти денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон, во објава на социјалната мрежа Икс, наведе дека танкерот „Деливер“ не го почитувал меѓународното поморско право и дека бил запрен во вторник.

На снимката што ја објави на Икс се гледа како припадници на вооружените сили се качуваат на бродот.

Во одделна објава на Икс, министерката за одбрана Катрин Вотрен соопшти дека постојат сомневања оти бродот пловел под лажно знаме.

Макрон оцени дека операцијата против руската флота во сенка ја покажува решителноста на Европа.

„Нема да дозволиме флотата во сенка да ги заобиколува санкциите и да ги финансира воените напори на Русија“, порача Макрон.

Вотрен истакна дека протокот на пари мора да се запре за да се забави руската воена економија.

Таа додаде дека активностите на руската флота во сенка претставуваат и директна закана за поморската безбедност и за животната средина.

Франција во изминатите месеци запре неколку бродови за кои постојат сомневања дека се дел од руската флота во сенка.

Макрон: Трамп мислеше дека Украина ќе изгуби, но сега ја почитува нејзината отпорност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот