Игор Џамбазов - Легенда - Фото - Слободен печат - Методи Здравев
Игор Џамбазов / Фото: Слободен печат / Методи Здравев

ВИДЕО | Вака се градеше куќата на Џамбазов во Дојран — Пере од „Нокаут“ ги сподели деталите

Никола Перевски – Пере од групата „Нокаут“ сподели видео од новата куќа на Игор Џамбазов во Дојран.

Актерот и музичар Игор Џамбазов веќе подолго време ужива во убавините на Дојран, каде што создава своја нова животна оаза. Дека неговиот нов дом не е само обична градба, туку проект со многу љубов и приказна, потврди и неговиот долгогодишен пријател и соработник, Никола Перевски – Пере од „Нокаут“.

Пере на социјалните мрежи сподели ретроспективно видео од самите почетоци на изградбата, снимено во 2024 година, на кое се гледаат првите фази од карабината и прекрасниот поглед кон Дојранското Езеро.

Во својата објава, Пере ја пренесе целата атмосфера и енергија на местото каде што Игор го гради својот мир.

„Снимено на почетокот на градбата во 2024 година, кај човекот од кого секоја средба станува лекција, Игор Џамбазов. На падините над Дојран, каде што мирот и ветерот се спојуваат со езерото, започнува приказната за еден дом замислен со душа, поглед и време пред себе“, напиша Пере.

Иако видеото на Пере враќа во почетната фаза на недовршени ѕидови и тули, приказната денес има сосема поинаков лик.

Игор Џамбазов неодамна ја покажа својата куќа во напредна фаза, каде што веќе се гледа вистинската убавина сјај на неговиот дојрански рај.

Сега се поставени се прозорците кои гледаат директно во езерското синило, а Џамбазов, споделувајќи слика од овој преубав поглед напиша: „Уште малку, и ова ќе ми биде секојдневие. Погледот од дневната е величествен. Целото езеро на дланка…таман за пензионерските денови кои доаѓаат…Ар ју хепи фор ми?“.

На оваа објава искоментира неговата сестра, архитектката Татјана Џамбазова живее во Америка. „Да му одите на гости“, напишаа таа до сликата.

Инаку, Татјана Џамбазова која е архитектка заедно со нејзината колешка Тања ја проектираа куќата, а Џамбазов изјави дека му е полесно што немал дилема околу архитектите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот