ФОТО+ВИДЕО | По сите скандали, повторно заедно на црвениот тепих — „семејството им е најважно“ на Вил Смит и Џејда Пинкет Смит
Вил Смит и Џејда Пинкет Смит повторно се појавија заедно во јавноста, овојпат на ревијата на „Кристијан Лубутен“ во рамки на Модната недела во Париз.
Препорачано
Двојката беше придружувана од ќерката Вилоу, синот Треј Смит, кој Вил го има од бракот со Шери Зампино, како и мајката на Џејда, Адриjен Банфилд-Норис. Поводот за нивното заедничко појавување беше поддршката за синот Џејден Смит, кој од септември минатата година е креативен директор за машката линија на „Кристијан Лубутен“.
Вил и Треј се појавија во усогласени црно-бели комбинации, додека Џејда избра црн комплет со впечатлива златна огрлица.
Will Smith, wife Jada Pinkett-Smith and their kids were all dressed up in Christian Louboutin to support the presentation of Jaden’s men Spring/Summer 2027 collection in Paris pic.twitter.com/xVzwS00s49
— CoCo (@cocoharris00) June 25, 2026
Извор близок до семејството за магазинот „Пипл“ изјавил дека токму заедничките моменти се она што Вил и Џејда најмногу го ценат.
„Ова е време посветено на семејството и токму тоа го сакаат Вил и Џејда“, рекол изворот.
Според истиот извор, двајцата се горди на своите деца и секогаш се трудат да бидат покрај нив кога имаат важни животни моменти.
„Нивното семејство и времето поминато заедно им се најважни. Поддршката за Џејден е само дел од тоа што тие го прават еден за друг. Вил и Џејда се сакаат и имаат стабилен однос, но она што сега го гледате е нивната безрезервна поддршка за децата. Исклучително се горди на нив“, додава изворот.

Да потсетиме, Вил Смит и Џејда Пинкет Смит се во брак од 1997 година. Во 2023 година Џејда откри дека двајцата живеат одвоено уште од 2016 година, а во јануари 2025 година извор за „Пипл“ изјави дека, и покрај тоа, тие сè уште се заедно.
Друг близок извор наведува дека семејството е она што ги поврзува.
„И двајцата се семејни луѓе и токму тоа ги држи заедно. Се сакаат, но на секој од нив му е потребен сопствен простор. Разговарале за тоа и пронашле начин нивниот однос да функционира.“
Според трет извор, не се очекуваат промени во нивниот однос.
„Тие се блиски. Прават работи како семејство и професионално соработуваат. Не гледам тоа да се промени. Исклучително се горди на своите деца и вложуваат многу време за да ги поддржат во нивните кариери“, заклучил изворот.


