Дарко Димитров го врати Жељко Јоксимовиќ во игра, ги поврза специјална приказна
Македонскиот хитмејкер и еден од најдобрите музички продуценти на Балканот, Дарко Димитров, уште еднаш докажува зошто е незаменлив на регионалната сцена.
Препорачано
Овојпат, неговиот тој соработува со регионалната ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, најавувајќи жешка летна сезона со проектот под наслов „Summer Vibes ’26“.
Дека соработката меѓу двајцата врвни уметници функционира беспрекорно, потврдуваат и објавите на социјалните мрежи кај Жељко Јоксимовиќ, кои ги сподели и Дарко Димитров. Јоксимовиќ долго време беше активен со концерти и со нови песни, а по соработката со Дарко, повторно најави нови настапи на летни сцени во регионот.
Во фокусот на оваа соработка се нови, модерни летни аранжмани и ремикси на препознатливите балади на Јоксимовиќ, кои со помош на Димитров добиваат сосема нова димензија.
Популарниот српски кантавтор не го крие своето воодушевување од сработеното со македонскиот продуцент. Јоксимовиќ слушајќи ја новата верзија на песната „Балада“ ги сподели своите планови со фановите.
„Само поради ВАС!! Балада – Summer Vibes ’26! Луѓе мои драги, колку уживам, летам и го чувствувам ова лето на посебен начин! Наскоро спот“, најави Јоксимовиќ.
View this post on Instagram
Дека соработката во студиото со Дарко Димитров е интензивна и секојдневна, Јоксимовиќ потврди во уште едно видео.
„Знаете ли што правам по цел ден?? Ги слушам Summer Vibes ’26 ремиксите и правам нови со Дарко Димитров. И ги пеам како за првпат! Еве уште малку од ‘Балада’, наскоро ја пуштам новата! Кој прв ќе погоди која е, добива два билети за еден од моите концерти до крајот на годината“, напиша Јоксимовиќ.
Со оваа соработка, Дарко Димитров уште еднаш ја потврдува својата лидерска позиција како продуцент кој знае како да го спои класичниот поп-звук со модерните светски трендови. Фановите на Јоксимовиќ погодуваат кои ремиски од Дарко Димитров Јоксимовиќ прв ќе ги објави. Коментарите под објавите се со предлози за песни како „Има нешто во тоа што не ме сакаш“ (Ima nešto u tom što me nećeš), „Забораваш“ (Zaboravljaš) и „Хабанера“ (Habanera).
„Обично не ја изведувам песната Балада која последниве години навистина е во голема жижа на јавноста, затоа што се не знае на кого пејачот се обраќа, дали на жената или на љубовницата, хаха. Таа песна е објавена 2001 година. После 25 години и сам сум заборавил на кого му се обраќам. Да се пошегуваме малку“, рече Жељко Јоксимовиќ во друго видео на неговиот инстаграм-профил.


