Остин Ривс станува најплатениот кошаркар во историјата на НБА кој никогаш не бил драфтуван
Остин Ривс ќе остане дел од Лос Анџелес Лејкерс, откако постигна договор за нова четиригодишна соработка со славниот клуб вредна дури 185 милиони долари.
Препорачано
Според информациите на познатиот НБА-инсајдер Шемс Чаранија, со овој договор Ривс стана најплатениот кошаркар во историјата на лигата кој не бил избран на НБА-драфтот.
Очекувано, ѕвездата на Лејкерс ја одби играчката опција за следната сезона, која му гарантираше заработка од 14,5 милиони долари, со цел да потпише значително попрофитабилен договор.
Ривс зад себе има импресивна сезона во која беше еден од најважните играчи на тимот, бележејќи просек од 23,3 поени и 5,5 асистенции по натпревар.
Официјализацијата на новиот договор се очекува по завршувањето на активностите на Лејкерс на пазарот на слободни агенти. Со оваа соработка клубот јасно покажува дека Ривс е еден од клучните кошаркари во тимот.
Los Angeles Lakers star Austin Reaves intends to sign a four-year, $185 million maximum contract to return to the franchise, with a player option for the final season in 2029-30, sources tell ESPN. Reaves declined his $14.9M player option for the new max deal. pic.twitter.com/5T8Ze6v0kF
— Shams Charania (@ShamsCharania) June 24, 2026
Јакимовски: Мора да се подготвиме најдобро што можеме, натпреварот со Ирска е еден од најважните


