Арон Ремзи пред два месеци ја заврши кариерата, а сега стана тренер во Англија
Поранешниот велшки репрезентативец и долгогодишен фудбалер на Арсенал, Арон Ремзи, е именуван за нов менаџер на Оксфорд, потврди англискиот клуб.
Препорачано
Ремзи во април годинава стави крај на својата играчка кариера, а сега го прави првиот сериозен чекор во тренерските води. Досега единственото искуство како главен тренер му беше краткиот привремен ангажман на клупата на Кардиф, каде што го водеше тимот на три натпревари.
„Не би ја прифатил оваа работа доколку не верував дека сум подготвен. Во изминатите години работев на себе и се подготвував за ваков предизвик. Уште од првите разговори ја почувствував амбицијата на луѓето во клубот и убеден сум дека ова е вистинската средина за мене“, изјави Ремзи по промоцијата.
Тој доаѓа како наследник на Мет Блумфилд, кој минатата сезона не успеа да го задржи тимот во Чемпионшип. Главната задача на Велшанецот ќе биде Оксфорд повторно да го врати во вториот ранг на англискиот фудбал.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
36мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


