фото: EPA-EFE/Terje Pedersen

Халанд: „Франција веројатно ќе нè победи и ќе го освои турнирот“

Фудбалската репрезентација на Норвешка обезбеди пласман во нокаут-фазата на Светското првенство, откако во второто коло од групата И славеше против Сенегал со 3-2.

Главната улога повторно ја имаше Ерлинг Халанд, кој постигна два гола и беше клучен за новиот триумф на Норвежаните. По натпреварот, напаѓачот во свој препознатлив стил го прокоментира својот настап, како и претстојниот дуел со Франција во последното коло.

„Моја специјалност е да постигнувам голови. Едноставно сум навистина добар во постигнување голови. Не ми е важно тоа, се пласиравме понатаму. Франција веројатно ќе нè победи и ќе го освои турнирот“, изјави Халанд.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Меси е нов крал на мундијалските стрелци, Халанд и Мбапе си тераат по старо

Во последното коло од групата И, на 26 јуни, Норвешка ќе игра против Франција во дуел за првото место во групата, додека Ирак ќе се соочи со Сенегал.

Поранешниот англиски голман, Џо Харт: Нешто не е во ред со топката на Мундијалот!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот