Марија Јанкуловска Фото: Париз 92/Фејсбук

Македонска ракометна репрезентативка ја продолжува кариерата во Франција

Македонската ракометна репрезентативка Марија Јанкуловска од следната сезона ќе го носи дресот на францускиот прволигаш Париз 92.

Париз 92 се натпреварува во најсилната француска лига а во минатата сезона го освои деветтото место.

Дваесетгодишната ракометарка претходно настапуваше за ЖРК Ѓорче Петров, а за нејзе ова ќе прв интернационален предизвик.

Битолчанката кариерата ја започна од Пелистер, а на домашната сцена освен за Ѓорче Петров настапуваше и за Металург Автокоманда. 

Официјално: Вардар се враќа во Лигата на шампионите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот