Супермаркет/Фото: EPA-EFE/ISAAC FONTANA

Владата најавува нови мерки за цените – целта е инфлацијата да остане под 3 проценти

Премиерот Христијан Мицкоски објави на Фејсбук дека вчера била одржана работна средба со претставници на најголемите трговски синџири во земјава, посветена на справување со инфлацијата и растот на цените на основните прехранбени производи.

Како што наведува во објавата, во наредниот период ќе следуваат средби и со добавувачите и производителите.

– Во наредниот период ќе следат средби и со добавувачите и производителите, со цел заеднички да придонесеме годишната инфлација и цените на основните производи во јули да останат под 3 проценти – стои во објавата на фејсбук.

Тој потенцира дека Владата останува посветена на спроведување мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и обезбедување поголема економска сигурност.
Вчера Мицкоски порача дека периодот на криза е зад државата и дека сега е време компаниите да им возвратат на граѓаните за трпението што го покажале во изминатиот период.

-Граѓаните беа толерантни, сега е на ред трговците, дистрибутерите и маркетите да им се одолжат со намалување на цените. Очекувам веднаш да пристапат кон корекција на цените, особено на основните прехранбени производи- изјави Мицкоски.

Оправдувања и изговори не прифаќам. Ако не се види реакција од маркетите, дистрибутерите и производителите во следните денови, Владата ќе реагира- истакна тој.

Мицкоски не прецизираше колкаво намалување на цените очекува, но потенцираше дека корекција мора да има, особено кај производите што се дел од секојдневната потрошувачка.

Мицкоски им порача на маркетите – намалете ги цените или Владата ќе реагира!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот