Нов конфликт во семејството Бекам — Бруклин е бесен поради објавите на Дејвид и Викторија за Денот на татковците
Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам, наводно бил многу лут откако неговите родители го вклучиле во своите објави по повод Денот на татковците, и покрај тоа што претходно побарал да не биде означуван и споменуван на социјалните мрежи додека трае семејниот конфликт, пишува „Пејџ сикс“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според британските медиуми, Бруклин смета дека неговите родители не ја почитуваат неговата желба да биде оставен на мир. Извор близок до семејството изјавил дека тој бил бесен поради објавите и дека повеќепати побарал да не биде вмешуван во јавни објави поврзани со семејството, пренесе „Сан“.
„Тој е бесен поради тоа. Побара од нив да го остават на мир, а тие постојано продолжуваат да објавуваат фотографии со него. Тоа само ја отвора целата приказна одново. Би сакал да престанат и едноставно да го остават на мир“, рекол изворот.
Во чест на Денот на татковците, Викторија Бекам објави стара семејна фотографија на која Дејвид е заедно со нивните четири деца – Бруклин, Ромео, Круз и Харпер. Во пораката таа го нарече „најдобриот татко“ и истакна дека неговото најголемо достигнување се нивните прекрасни деца.
View this post on Instagram
Од друга страна, Дејвид Бекам сподели црно-бела фотографија од детството на своите деца, како и посебни фотографии со секое од нив. Во објавата нагласи дека улогата на татко е најважната работа во неговиот живот и ѝ се заблагодари на сопругата што му го подарила нивното семејство.
View this post on Instagram
Сепак, наместо да придонесат за смирување на односите, објавите дополнително го налутиле Бруклин. Според истите извори, тој ги доживеал како уште едно непотребно јавно вмешување во веќе нарушените семејни односи.
Несогласувањата во семејството Бекам траат со месеци. Американските медиуми претходно објавија дека конфликтот се продлабочил во јануари, кога Бруклин јавно ги обвинил своите родители дека се обидуваат да влијаат врз неговиот брак со сопругата Никола Пелц и да го нарушат нивниот однос. Оттогаш тензиите меѓу двете страни дополнително се зголемиле.
Во меѓувреме, нова причина за несогласувања станаа и фотографиите на кои се гледа како неговата помлада сестра Харпер се обидува да воспостави контакт со него пред неговиот дом во Лос Анџелес. Бруклин и Никола тврдат дека целата сцена била однапред организирана за медиумите.
„Фактот што фотографите биле на местото каде што писмото било доставено кажува сè – сето тоа беше организирано за камерите“, изјавил претставник на Бруклин и Никола.
Од друга страна, извор близок до семејството тврди дека ситуацијата тешко се одразува врз сите нив, а особено врз Викторија Бекам.
„Целата ситуација остави последици врз семејството, а Викторија е скршена поради своите деца“, изјавил изворот, додавајќи дека Дејвид и Викторија знаеле дека Харпер ќе го посети својот брат и дека во тоа немало ништо невообичаено, бидејќи нивните деца уште од мали патувале самостојно со придружба од обезбедување и дадилки.
И покрај јавните пораки и обидите за приближување, односите меѓу Бруклин Бекам и неговото семејство остануваат затегнати, а секој нов јавен потег дополнително го продлабочува конфликтот кој со месеци е под лупа на медиумите.


