Саграда фамилија - лего- Фото: The Grosby Group / Grosby Group / Profimedia

ВИДЕО | „Саграда фамилија“ од 12.000 Лего коцки — „Чувствувавме огромна одговорност да ѝ ја оддадеме ветената почит“

Откако неодамна црквата „Саграда фамилија“ која се наоѓ во Барселона – Шпанија,  конечно ја достигна својата максимална висина со завршувањето на последната и највисока кула, Лего официјално го најави лансирањето на својот специјален сет за истата. Со дури 12.060 коцки, „Саграда фамилија“ е најголемиот Лего сет за градење според бројот на парчиња што некогаш бил пуштен во продажба.

Со вклучувањето на толку многу елементи, компанијата јасно става до знаење дека лансира екстремно детален сет, кој ја доловува целата магија на прекрасната црква.

Саграда фамилија – лего- Фото: The Grosby Group / Grosby Group / Profimedia

Еден од највпечатливите елементи е ефектот на обоено стакло (витраж), кој го реплицира начинот на кој светлината се движи низ вистинската базилика, исполнувајќи ја со безброј нијанси.

„Чувствувавме огромна одговорност да ѝ ја оддадеме ветената почит на Саграда фамилија преку овој дизајн. Нашата цел беше да ја испочитуваме визијата на Гауди со најголема почит, доловувајќи го ритамот на изградбата на базиликата, нејзината извонредна комплексност и амбиција, и сето тоа да го преточиме во едно целосно градителско искуство. Ова не е само најголемиот Лего сет досега, туку модел на едно од најамбициозните архитектонски дела во светот. Балансирањето меѓу големината и прецизноста, а истовремено да се остане верен на жив споменик кој се развива повеќе од еден век, беше уникатен дизајнерски предизвик и предизвик со кој неверојатно многу се гордееме“, вели Рок Жгалин Кобе, Лего дизајнер на архитектура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LEGO (@lego)

 

Како посебен омаж на генијалноста на Гауди, чекорите за градење на сетот ја следат вистинската хронологија на изградбата на базиликата. Најпрво се градат темелите, апсидата и криптата, по што следуваат фасадите на Раѓањето и на Страдањата Христови. Потоа се пристапува кон изградбата на главните наоси, западната сакристија и нејзините шест кули, меѓу кои е и кулата на Исус Христос. Последниот дел ги опфаќа источната сакристија и фасадата на Славата, која во реалноста сè уште е во фаза на изградба.

Кога ќе се заврши, моделот има димензии од над 60 сантиметри во висина, 47 сантиметри во ширина и 38 сантиметри во должина. Без оглед на тоа дали сте љубител на архитектурата или светски патник, овој сет е главна атракција.

ФОТО | „Лего“ ја зголеми старосната граница на 100+ во чест на 100. роденден на Сер Дејвид Атенборо

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот