Џонатан, најстарата желка на светот/Фото: Darrin Henry/ Magnus News / Sipa Press / Profimedia

Најстарата желка во светот, која има 194 години, доби престижна награда од Гинисовата книга на рекорди

Џонатан, најстарата желка во светот, за која беше објавено дека починала на Денот на шегата (1 април),  не само што е сè уште жива, туку доби и едно престижно признание, пишуваат странските медиуми.

Џонатан е роден пред 1832 година, што значи дека има најмалку 194 години, е најстарото живо копнено животно во светот и сега е прогласен за Икона на Гинисовите светски рекорди, соопшти организацијата.

Се проценува дека имал најмалку 50 години кога во 1882 година бил донесен од Сејшелите на јужноатлантскиот остров Света Елена. Според Гинис, тој веројатно е и постар, бидејќи неговата возраст е „конзервативна процена“. Просечниот животен век на неговиот вид изнесува околу 150 години.


Џонатан бил подарок за идниот гувернер на Света Елена, британска прекуморска територија, и оттогаш живее во рамките на гувернерската резиденција, вилата „Плантејшн хаус“.

Во видео објавено на социјалната мрежа Икс од страна на Гинисовите светски рекорди, Џонатан накратко го погледнува признанието „Икона на Гинис“, а потоа продолжува понатаму. Подоцна е забележан како ужива во јадење моркови.

Најстарото познато копнено животно на Земјата, Џонатан чекорел по планетата уште пред да бидат направени првите фотографии (1838 година), пред да се воспостават првите телефонски разговори (1876 година) и пред да биде завршена Ајфеловата кула (1887 година), потсетува Гинис.

За време на овогодишниот Ден на шегата, на социјалните мрежи се појавија лажни тврдења дека Џонатан починал. Сепак, тоа очигледно не му пречело на „Стариот Џоно“, како што го нарекуваат локалните жители.

– Тој среќно ги минува деновите со уште три желки во градините на гувернерската резиденција, хранејќи се со трева и уживајќи во сончевите зраци – наведува Гинис.

Како една од Иконите на Гинисовите светски рекорди, Џонатан се приклучува на „одбрана група рекордери чии достигнувања ги надминале границите на нивната област и инспирирале луѓе ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот