Најстарата желка во светот е, сепак, жива, извештаите за смртта се измама
Џонатан, најстарата позната желка во светот, е сè уште жива, и покрај објавата на социјалните мрежи за која е утврдено дека е лажна.
Препорачано
На профилот на наводен Џо Холинс, ветеринар кој претходно се грижел за ова животно, беше напишано дека „срцето му е скршено што ја споделува“ веста дека желката угинала на островот Света Елена на 193 години.
Веста за ова објава ја пренесо светските медиум, меѓу кои се и Би-би-си, Ју-Ес-Еј тудеј и „Дејли мејл“.
– Желката Џонатан е многу жива. Верувам дека некој што се претставува како мене на социјалната мрежа Икс бара донации во криптовалути, така што не е дури ниту првоаприлска шега. Тоа е измама – изјавил Холинс за Ју-Ес-Еј Тудеј.
– Да потврдим – Џонатан е многу жив – потврдил Најџел Филипс, гувернер на Света Елена, во писмениот одговор за Би-би-си.
Колку е стара желката не може да се каже со сигурност.
Фотографија направена во 1882 година го прикажува Џонатан пораснат кога првпат пристигнал на островот, каде што живеел на имотот „Плантејшн хаус“, официјалната резиденција на гувернерот на Света Елена.
Научниците истакнуваат дека ова укажува дека тогаш Џонатан имал околу 50 години.
Џонатан го преживеал владеењето на најмалку осум британски монарси и во 1947 година го запознал Џорџ VI и неговата ќерка Елизабета Втора, која подоцна го наследила престолот, за време на нивната посета на островот.
Џиновската желка ја видел и Сер Линдзеј во 2024 година, кога дошол да ѝ врачи сертификат од Гинисовата книга на рекорди со кој се признава како најстарото познато копнено животно во светот.


