Собрание, собраниска седница / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Гаши: Ако мнозинството се изјасни за предвремени избори, нема да бидам против

Јас сум за редовни парламентарни изјави бидејќи ни треба политичка стабилност, изјави денеска на брифинг со новинарите претседателот на Собранието Африм Гаши.

– За тоа треба да одлучи мнозинството во Собранието. Ако мнозинството, односно ако 61 пратеник изгласаат да има предвремени избори, јас нема да бидам против – рече Гаши.

Во јавноста се погласни стануваат шпекулациите дека Владата се подготвува за предвремени избори. Ваквите шпекулации особено се подгреаја откако премиерот Христијан Мицкоски во повеќе наврати рече дека Владата нема план за предвремени парламентарни избори, но е подготвена ако биде „предизвикана“ од опозицијата.

– Ние немаме таков план – рече Мицкоски објаснувајќи дека би било неодговорно во јуни или во јули годинава да се прави реконструкција на Владата, а веќе во јануари догодина земјата да добие техничка влада.

Но, вратата не ја затвори целосно. Напротив, остави доволно простор за толкување и анализирање. Пораките од опозицијата ги опиша како „фрлена ракавица“ и порача дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш мора да биде подготвена да одговори.

Во однос на најавената реконструкција на Владата, премиерот денеска оцени дека првичните разговори во рамки на коалицијата се конструктивни и најави дека неделава тие ќе продолжат, а очекува во текот на викендот и да завршат.

-Во првите разговори преовладува конструктивен амбиент. Во текот на оваа недела повторно ќе имаме средби, јас очекувам тоа да бидат завршни, а во текот на викендот да се формализира сето тоа и со имиња, и со останати специфики – изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по учеството на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board).

Тој додаде дека во рамки на разговорите станало забор и за опција за промена на ресори.

Спикерот Гаши денеска на брифинг со новинарите посочи дека, штом го добие предлогот за реконструкција, же закаже собраниска седница.

– Ако го добиеме до 1 јули, тој веднаш ќе влезе во процедура и ќе закажеме седница во најкус можен рок – рече Гаши.

Кога Мицкоски прозива, сите молчат и ракоплескаат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот