Рафиња/Barcelona FC

ВИДЕО | Шокантни тврдења на поранешен бразилски фудбалер: Рафиња има финансиски проблеми и се моли за трансфер во Ал Хилал

Поранешниот бразилски фудбалер Вампета излезе со изненадувачки тврдења поврзани со иднината на Рафиња, зборувајќи дека крилниот напаѓач на Барселона наводно се соочува со сериозни приватни и финансиски проблеми.

Во изминатиот период медиумите интензивно шпекулираа за можен трансфер на бразилскиот репрезентативец во Саудиска Арабија. Според информациите, Ал Хилал повторно покажал интерес за неговите услуги, а Рафиња не ја затворил вратата за таква можност. Наводно побарал разговорите да бидат одложени до завршувањето на Светското првенство, бидејќи во моментов сака целосно да биде посветен на настапите за бразилската репрезентација.

Сепак, Вампета сега изнесе далеку посериозни тврдења, за кои вели дека ги добил од добро информирани извори.

„Рафиња минува низ многу тежок период. Се соочува со сериозни семејни и финансиски проблеми и се надева дека ќе успее да потпише за Ал Хилал. Верува дека таков трансфер би можел да му помогне да ја стабилизира ситуацијата и да ги реши проблемите со кои се соочува“, изјавил Вампета.

Засега нема официјална потврда за ваквите наводи, па останува да се види дали во нив има вистина и каква ќе биде иднината на фудбалерот на Барселона по завршувањето на Светското првенство.

Неговиот татко му ја уништувал опремата за да го откаже од фудбалот, живеел како бездомник, а сега беше херој на Иран

ВИДЕО | Контроверзна изјава на Раде Богдановиќ: Црнците по 60 минути на теренот веќе немаат концентрација

ФОТО | Иранците оставија емотивна порака во Лос Анџелес: Нека преовладува мирот и почитта меѓу сите народи

ВИДЕО | Навивачите на Иран против Белгија ја исвиркуваа сопствената химна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот