ФОТО | Иранците оставија емотивна порака во Лос Анџелес: Нека преовладува мирот и почитта меѓу сите народи
Фудбалската репрезентација на Иран продолжува со борбата за пласман во нокаут-фазата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико (11 јуни – 19 јули), откако освои бод против селекцијата на Белгија во рамки на Група Г.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По натпреварот, иранскиот тим привлече големо внимание со пораката објавена од соблекувалната, која брзо се прошири во јавноста и предизвика бројни реакции. Обраќањето беше насочено кон публиката во САД, но и кон светската јавност, со нагласок на истрајноста и националната гордост.
ВИДЕО | Нова сензација на Мундијалот: Зеленортски Острови освоија бод и против Уругвај
Special message from the national team in the locker room to Iranians and people around the world
Message from the national team on the locker room board:
💬From ancient Iran, thousands of years old, to today’s civilized Iran, the spirit of Iran has remained alive and strong.… pic.twitter.com/mvW8au8cg1
— رامین رضاییان (@Ramin_Rezaian_) June 21, 2026
„Од древна Персија, пред илјадници години, до денешен современ Иран, иранскиот дух останува жив и непоколеблив. Дојдовме во Лос Анџелес со гордост, се натпреварувавме со чест и си заминуваме со достоинство. Ви благодариме Лос Анџелес за гостопримството. И ви благодариме на секој Иранец кој беше со нас со срце, глас и душа во текот на овие 180 минути. Нека преовладуваат мирот, почитта и пријателството меѓу сите народи.“
Пораката беше дополнета и со хаштаговите #168 и #minab, кои според дел од јавноста упатуваат на трагични настани и симболика поврзана со жртви од воени конфликти, што дополнително ја зголеми вниманието околу објавата.
ВИДЕО | Белгија си го „комплицира“ пласманот во нокаут-фазата, одигра реми и со Иран
Иран со овој бод останува во трка за пласман во следната фаза, а последното коло ќе биде клучно за нивните амбиции на Мундијалот.


