Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Израел депортираше грчки синдикалци поканети од Палестина – Грција протестира и упати „загриженост“ за ситуацијата

Израелските власти не ѝ дозволиле влез во земјата на делегација на синдикални претставници од Грција, која патувала кон Западниот Брег по покана од палестинската страна, а потоа ја депортирале, пренесува Катимерини.

Министерството за надворешни работи на Грција веднаш реагираше и изрази „загриженост“ за ситуацијата.

„Ја изразуваме нашата загриженост поради одлуката на израелските власти да им го одбијат влезот и да ги депортираат грчките државјани, претставници на синдикати, чија крајна дестинација беше Рамала, откако беа поканети од палестинската страна. Грчките државјани за кои станува збор ги исполнија сите услови за влез во земјата и пред надлежните власти ја пријавија целта на својата посета“, стои во сооопштението.

Министерство не соопшти дополнителни детали за околностите под кои бил одбиен влезот.

Западниот Брег, познат и како Јудеја и Самарија, е територија на Блискиот Исток на западниот брег на реката Јордан. По распаѓањето на Османлиското Царство, оваа територија станува дел од Британскиот Мандат Палестина. По Арапско-израелската војна од 1948 година, Западниот Брег е освоен и припоен од Јордан. Територијата останува под јорданска власт до 1967 година, кога во текот на Шестдневната војна, Израел го освојува Западниот Брег. Со исклучок на Источен Ерусалим, Западниот Брег не е припоен од Израел.

Според Договорот од Осло од 1993 година, конечниот статус на Западниот Брег треба да биде предмет на иден договор помеѓу Израел и Палестина.

Западен Брег: Живот во страв од израелските доселеници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот