Ешерихија коли / Фото: Science Photo Library / imago stock&people / Profimedia

Бугарија забрани капење на плажа во Варна – водата е загадена со фекалии

Бугарските власти го забранија капењето на Офицерската плажа во Варна поради огромни концентрации на бактериите ешерихија коли и цревни ентерококи во морската вода, објави „Новините“.

Според Регионалната здравствена инспекција, рутинскиот летен мониторинг на водите за капење покажал дека условите на локацијата во моментот претставуваат потенцијален здравствен ризик за капачите.

Наодите предизвикале итна административна реакција од здравствените служби задолжени за безбедноста на крајбрежните води.

По добиените резултати, инспекцијата издаде наредба до регионалниот гувернер за спроведување задолжителни мерки, со цел да се намали изложеноста на јавноста на загадената морска вода.

Властите, исто така, наложија поставување јасни предупредувачки табли на видливо место на плажата, со кои посетителите експлицитно се информираат дека капењето е привремено забрането поради здравствени причини.

Мерките се дел од стандардните сезонски процедури за мониторинг долж бугарското Црноморје, каде што квалитетот на водата редовно се проверува во текот на летниот период за да се обезбеди усогласеност со јавно-здравствените стандарди.

Забраната останува во сила сè додека последователните анализи не потврдат дека нивото на бактерии се вратило во дозволените безбедносни граници за рекреативно капење.

ВИДЕО | Пронајден пат стар 7.000 години под морето кај Корчула

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот