Фото: Profimedia

Повеќето Американци сакаат да заврши војната со Иран, но малкумина веруваат дека САД извлекле добар договор

Истражување спроведено во САД покажа дека 78 отсто од анкетираните Американци го поддржуваат прекинувањето на конфликтот меѓу САД и Иран, а 22 проценти се за продолжување на војната „додека Иран не се предаде“, пренесува Си-би-ес њуз, која ја правеше анкетата заедно со платформата ЈуГов.

Според анкетата, спроведена во периодот помеѓу 17 и 19 јуни, 37 отсто од Американците веруваат оти договорот со Иран е „подобар за Иранците“, додека 22 отсто истото го изјавиле за САД.

За тоа дали САД трајно ја запреле нуклеарната програма на Иран, 31 отсто од испитаниците рекле „да“, додека 69 проценти изразиле скептицизам.

На прашањето дали Иран ќе претставува закана за регионот во наредните месеци, 59 отсто рекле дека „веројатно/дефинитивно ќе претставува“, додека 40 се за спротивната опција.

Во врска со тоа дали конфликтот со Иран вредеше за вложеното од САД, 31 отсто од испитаниците одговориле „да“ и 69 проценти – „не“.

Во меѓувреме, 36 отсто од испитаниците го одобруваат начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп се справува со ситуацијата во врска со Иран, додека 64 проценти не сметаат така.

Воедно, 57 отсто, поголемиот дел имаат став дека „конфликтот со Иран создал повеќе проблеми отколку што решил“.

Договорот меѓу САД и Иран има 14 точки — крај на војната на сите фронтови

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот