Трагедија во БиХ: Маж ја убил сопругата со ловечка пушка, па се самоубил
Убиство и самоубиство синоќа ја потресе Босна и Херцеговина. Маж со ловечка пушка ја убил сопругата во нивниот двор во местото Миричина, близу Грачаница, по што се застрелал во главата, пренесува Кликс.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според Полициската управа на Министерството за внатрешни работи, пријава за пукање и повредени лица поднеле соседите синоќа околу 19:40 часот.
На местото на настанот веднаш биле испратени полицајци од Полициската станица Грачаница и Одделот за криминалистичка полиција на Полициската управа Грачаница, како и екипа од Службата за итна медицинска помош на Здравствениот дом Грачаница.
„По пристигнувањето на полицијата и медицинските екипи, наводите од извештајот беа потврдени. Телото на жената Н.К. (1958) беше пронајдено на местото на настанот без знаци на живот, додека повредениот маж С.К. (1958) беше префрлен во медицинска установа со брза помош. Сепак, мажот починал за време на транспортот“, соопшти кантоналната полиција.
За инцидентот беше информиран кантоналниот обвинител на Обвинителството на Тузланскиот кантон, кој ќе ја води истрагата.
Истрагата и потребните истражни дејствија ќе ги спроведат истражителите од Секторот за криминалистичка полиција на Полициската управа на МУП на ТК, со цел да се утврдат сите околности на овој настан.
Повеќе информации ќе бидат познати по завршувањето на истрагата и другите дејствија што ќе ги преземат надлежните органи.


