Базен / Фото: Fripik

Трагедија во Босна и Херцеговина: 19-годишно момче се удавило во базен

Момче на 19-годишна возраст денес се удавило во базен во Босна и Херцеговина, објави „Дневни аваз“.

Според информациите од надлежното обвинителство, момчето, со иницијали М.С., било извлечено од базенот во општина Угљевик, по што веднаш започнале мерки за реанимација.

Потоа било пренесено во Домот на здравје Угљевик, каде дежурниот лекар ја констатирал смртта.

За случајот биле известени припадници на Полициската станица Угљевик, а на местото на настанот излегол и дежурен обвинител кој раководел со увидот.

Надлежните институции спроведуваат истрага за да ги утврдат сите околности што довеле до оваа трагедија, како и точната причина за смртта на момчето.

Трагедија во Хрватска: 8-годишено дете се удави во реката Драва, спасувачи го пронајдоа неговото тело по четиридневна потрага

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот