Фото: Креирана илустрација

Чех летал со 253 километри на час на автопат во Хрватска — полицијата му ја одзеде дозволата и го казни 660 евра

Чешки државјанин вчера бил запрен на автопатот А1 во Хрватска откако возел со брзина од 253 километри на час на делница каде што ограничувањето е 130, објави Индекс.

Полициските службеници го запреле со пресретнувач околу 9:13 часот наутро на делницата помеѓу Пристег и раскрсницата Задар Исток, соопшти Полициската управа во Задар.

Поради пребрзо возење, на возачот му е изречена прекршочна наредба со парична казна од 660 евра. Покрај тоа, му е изречена заштитна мерка – забрана за управување со моторни возила во траење од еден месец.

Уапсен Србин кој со „порше“ летал со 188 километри на час на автопатот Куманово-Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот