ВИДЕО | Контроверзна изјава на Раде Богдановиќ: Црнците по 60 минути на теренот веќе немаат концентрација
Аналитичарот и поранешен фудбалер Раде Богдановиќ во програма во живо посветена Светското првенство на РТС зборуваше за Белгија и Иран (0:0), а една изјава од неговото гостување привлече посебно внимание.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Фудбалерот на Белгија, Натан Нгој беше исклучен во 66. минута поради непромислен потег, а коментарот на Богдановиќ за црвениот картон стана тема и предизвика реакции на социјалните мрежа.
„На ова ниво, да бидеш последен играч во одбраната, да ја удриш топката која не е ни брза, стои во место, ја имаш во нозете и сакаш да ја удриш со десната, па да промашиш и да ја удриш со левата и да направиш црвен картон. Јас секогаш сум кажувал дека тие играчи, не сум расист навистина, но овие црнци немаат концентрација да издржат подолго од 60 до 80 минути“, изјави Богдановиќ.
Rade Bogdanović na RTS upravo govori kako nije rasista, ali “crnci nemaju koncentraciju da igraju duže od 60 minuta”. Majko mila pic.twitter.com/dMctZl1tfu
— Gorica Nikolin (@fruska_gorica) June 21, 2026
„Јас играв со нив, ние некогаш кога игравме, мораше да ги чуваме нашите играчи да не направат грешка. Денешниот фудбал е таков, ова не може на ниво на Светско првенство да се случи“, додаде Богдановиќ.
Водителот во студиото реагираше и му возврати дека и француската репрезентација има многу играчи со темна кожа кои делуваат концентрирано во текот на сите 90 минути.
Богдановиќ на тоа одговори:
„Ако не навлегуваме во детали, а би можеле и тие прават грешки. Во секој случај, секако не генерализирам, но голем дел немаат концентрација и тогаш се случуваат вакви грешки“, заклучи Богдановиќ.
ВИДЕО | Навивачите на Иран против Белгија ја исвиркуваа сопствената химна


