Фото: Слободен печат

Мицкоски очекува дизелот да поевтини за 7 денари, бензините до 3 денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска  изјави дека очекува бензините да поевтинат за 2,5 до 3 денари, а дизелот за 7 денари,  но оти конечната одлуката е на Регулаторната комисија за енергетика.

На новинарско прашање дали се очекува стабилизација на цените на бензините по мировните преговори меѓу САД и Иран и откако низ Ормускиот теснец веќе поминаа 55 бродови, Мицкоски посочи очекува во периодов цената да се движи околу 80 долари за барел.

–  Бројката од 55 танкери не е нешто драматично  имајќи предвид дека дневно била трицифрена.  Имајте предвид дека овие танкери додека да стигнат до конечните дестинации ќе поминат можеби еден месец, а можеби и повеќе, 25 до 35 дена. Така што, очекувам во периодов цената да се движи околу 80 долари за барел, отприлика тука некаде, плус-минус некој долар. Јас стојам на ставот, нашите математики се тие, треба  да ги видиме математиките на Регулаторната комисија, но очекувам поевтинување на бензините од 2,5 – 3 денари и околу 7 денари на дизелот. Но, да почекаме регулаторот- изјави Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот