Трајко Славевски - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Трајко Славевски - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Славески од Варна: Ценовната стабилност е клуч за економски раст во време на глобална неизвесност

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, учествува на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, кој годинава се одржува во Варна, Бугарија, под мотото „Претворање на неизвесноста во долгорочна можност“.

Во фокусот на дискусиите се макроекономската и финансиската стабилност во услови на глобална неизвесност, дигиталната трансформација, продуктивноста, финансиската вклученост и позицијата на европските економии во светските синџири на вредности.

Во рамки на настанот, Славески одржа билатерални средби со претставници на ММФ и Светската банка, меѓу кои извршниот директор на Конституенцата во ММФ, Јерун Клик, заменикот на извршниот директор Марникс ван Рај и потпретседателката на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани.

Од Народната банка информираат дека на средбите било нагласено оти зачувувањето на ценовната стабилност останува главен предуслов за одржлив економски раст и стабилен финансиски систем, особено во услови на засилени геополитички ризици и брзи технолошки промени.

-Народната банка внимателно ги следи домашните и меѓународните економски текови и ги презема сите неопходни мерки за одржување на ценовната и финансиската стабилност, со што се зајакнува довербата во монетарниот систем и се обезбедуваат стабилни услови за економски развој- истакнал Славески.

На состаноците се разговарало и за отпорноста на финансискиот систем, актуелните макроекономски предизвици, влијанието на геополитичките случувања и улогата на дигиталната трансформација во поттикнувањето на растот и продуктивноста. Притоа е потврдена и успешната соработка меѓу Народната банка, ММФ и Светската банка во спроведувањето на реформите и јакнењето на институционалните капацитети.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот