ВИДЕО | Страшна експлозија во фабрика за природен гас во Катар — најмалку 54 луѓе се повредени, 18 се водат како исчезнати
Фабрика за природен гас во Катар експлодираше доцна синоќа, при што беа повредени 54 луѓе, а 18 други се водат како исчезнати, пренесува „Ал џезира“.
Препорачано
Катарската меѓународна група за пребарување и за спасување била распоредена за да спроведе операции за пронаоѓање на исчезнатите по експлозијата во индустрискиот град Рас Лафаан, соопшти Министерството за внатрешни работи на Катар.
Министерството не даде информации за состојбата на повредените во инцидентот, кој го припиша на „технички дефект“.
Претходно, надлежните соопштиле дека тимовите за цивилна заштита што пристигнале на местото не регистрирале повредени.
MOSSAD FALSE FLAG IN QATAR 🚨🚨
Qatar’s Interior Ministry reports a massive internal explosion at a strategic industrial zone in Ras Laffan.
Israel is already blaming Iran. pic.twitter.com/b4QDYRABVJ
— Parody Jeff (@Parodyjeffx) June 21, 2026
Министерството наведе дека нема истекување од објектот што би претставувало опасност за јавната безбедност.
„Катаренерџи“, која управува со индустрискиот комплекс, соопшти дека тимовите за итна интервенција веднаш биле распоредени по експлозијата во фабриката „Барзан“ и дека пожарот бил ставен под контрола.
Индустрискиот град Рас Лафаан, кој се наоѓа околу 80 километри северно од главниот град Доха, е дом на најголемиот светски објект за извоз на течен природен гас, кој произведува околу една петтина од глобалните залихи.
Во март, катарската влада соопшти дека индустрискиот комплекс претрпел значителна штета откако бил цел на ирански ракетни напади.
„Катаренерџи“ активираше клаузула за виша сила во дел од своите договори за да се ослободи од обврските за испорака по нападите, што ги погоди клиентите во Италија, во Белгија, во Јужна Кореја и во Кина.
ВИДЕО | Силна експлозија на фабрика ја стресе Малта, густ чад го покри небото


