Илустрација/Архива на Слободен печат

Ужас во Филипините – деца пукале во училиште, убиле тројца ученици и раниле уште петмина

Двајца тинејџери утрово со пиштоли пукале во училиште на Филипините и убиле тројца ученици, а раниле уште петмина, пренесува „Ројтерс“.

Полицијата соопшти дека двајцата осомничени, на возраст од 15 и од 14 години, се уапсени по пукањето во Националното средно училиште „Сан Хозе“ во Таклобан, град на островот Лејте.

Началникот на таклобанската полиција Ноелито Гетигaн изјави дека осомничените користеле огнено оружје калибар .38 и калибар 9 мм.

Полицијата соопшти дека жртвите се пренесени во блиски здравствени установи за лекување, додека дополнителни полициски сили се распоредени во училиштето за да се обезбеди безбедноста на учениците, на вработените, на родителите и на локалната заедница.

Властите апелираа јавноста да не шири непотврдени информации и да соработува со истражителите.

Министерството за образование изрази сериозна загриженост, нарекувајќи го инцидентот „сериозна тревога“. Во соопштение, го осуди насилството и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Филипинскиот претседател, Фердинанд Маркос Џуниор, нареди темелна истрага и им наложи на надлежните да обезбедат безбедност во сите училишта.

ВИДЕО | Десетина загинати и над 25 повредени во пукање во средно училиште во Канада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот